Романија не дозволи нов кикс против Фарски Острови, Австрија подобара од Украина

Репрезентацијата на Фарски Острови, која во рамки од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 ја изненади Романија, денес немаше никаква шанса за второ изненадување против тимот на Чави Пасквал и беше убедливо поразена со осум гола разлика, 25:17.

Во рамки од истата група, во која се наоѓаат Романија и Фарски Острови, свој дуел имаа репрезентациите на Австрија и Украина.

Австрија беше подобра од Украина со 31;28, резултат, кој беше остварен и на нивниот прв дуел одигран пред неколку дена.

Ракометарите на Австрија со новите освоени бода на свое конто веќе имаат осум бода, додека на 2. позиција во четвртата квалификациска група се наоѓа Романија со четири бода, а по 2 бода имаат Фарски Острови и Украина.

До крајот од квалификациите за континенталниот собир се останати уште две кола, кои ќе се одиграат кон крајот на месец април.

Франција потешко од очекуваното ја совлада селекцијата на Полска со 30:27.