Рожерио Мораес повторно во Скопје (ФОТО)

Бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораес Фереира по подолго време е повторно во главниот град на Македонија.

Не станува збор за трансфер, бидејќи тој потпиша тригодишен договор со португалската Бенфика, но Бразилецот има многу пријатели и многу убави работи го врзуваат за Скопје, па паузата ја искористи за патување во Македонија.

Тој ги помина најдобрите денови од кариерата во Вардар, освои две титули во Лигата на шампионите и уште три во регионалната СЕХА лига.

Со Бенфика не успеа да го освои Супер Купот на Португалија, но ќе игра во второто квалификациско коло за Лигата на Европа против Рајн Некар Левен.