Ристовски и Бенфика поразени во португалското дерби од Порто

Потугалскиот шампион Порто по триумфот над Вардар во Лигата на шампионите, славеше убедливо и во дербито на тамошниот шампионат против Бенфика во натпревар од 24 коло.

Тимот на Магнус Андерсон одигра одлично и во одбраната и во нападот, па го реши победникот уште во првиот дел кога направи залиха од седум голови,  18-11.

Ова беше 23 победа за Порто во 24 меча, а тимот на Борко Ристовски го забележа петтиот пораз и остана на третото место на табелата зад Спортинг Лисабон.

Гомеш со осум голови беше најдобар кај Порто, а голманот Кинтана имаше 16 интервенции. Кај Бенфика Ѓорѓиќ даде пет погодоци, додека голманот Ристовски бранеше во второто полувреме и забележа четири одбрани од 17 шута или 24% успешност.