Ристовска за 24Ракомет ТВ: Добро ја познавам стратегијата на романскиот селектор (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија ја очекува третиот и најважен натпревар на Европското првенство. Противник на Македонија во последното, 3. коло од групната фаза ќе биде романската селекција и  доколку избраничките на Љубомир Савевски триумфираат против Романија, тогаш Македонија ќе обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство, односно место меѓу најдобрите 12 репрезентации на континенталниот собир. Десното крило Сара Ристовска поголемиот дел од ракометарките на Романија добро ги познава бидејќи во претходните две сезони со нејзиниот актуелен клуб ЦСКА Москва играа против романски тимови во Лигата на шампионите. За потсетување, тренер на ЦСКА Москва беше селекторот на Романија, Флорентин Пера. Какви се очекувањата на Ристовска за натпреварот против Романија може да погледнете на видеото во продолжение...