Ристовска доби нова колешка, а ЦСКА Москва репрезентативен голман

Екипата на ЦСКА Москва за која настапува репрезентативката на Македониј, Сара Ристовска доби нова колешка во искусната голманка, Ана Седојкина. Првиот избор за голот на репрезентацијата на Русија, која досега бранеше за Ростов Дон доаѓа да ја засили екипата на ЦСКА Москва која ќе биде далеку поконкурентна во новиот шампионат

Седојкина е една од најдобрите голманки во моментов. Таа со римот на Ростов Дон има многу трофеи. Има по четири титули во првенството и во Купот, пет во Супер купот на Русија, а и трофеј од Купот на ЕХФ во 2017 година.

„Мојата кариера имаше многу промени, но сега околностите се такви што ми треба подобро решение и промена. Има играчи кои ги менуваат клубовите секоја година и тие многу подобро можат да коментираат кога се прави ваква промена. За мене ова е само второ вакво искуство во кариерата. Сакам да напоменам дека промената нема да влијае на мојот став кон работата. Моите цели и понатаму остануваат непроменети и ќе продолжам да го правам она што го сакам. Ќе дадам сè од себе на секој натпревар и за време на секоја тренинг сесија“, коментираше Седојкина.

Таа е голманка и со многу трофеи. Има злато од Олимписките игри во Рио во 2016 година, а има и злато и бронза од светските првенства, какои сребрени и бронзени медали од европските шампионати.