Ривал на Вардар ангажираше 15-годишен Американец!

Програмата „Форум Клуб Хендбал“ која Американците ја развиваат за обезбедување на нивните ракометари да играат во европски екипи каде што би можеле побрзо да се развиваат му обезбеди на уште еден млад играч шанса да учи во Европа.

15-годишниот Американец со полско потекло, Тристан Моравски од наредната сезона ќе биде дел од бундеслигашот Фленсбург и ќе настапува за екипата до 17 години. По потреба ќе биде вклучен во првиот тим и најверојатно ќе биде пријавен во ЛШ, па можеби ќе заигра против Вардар, бидејќи Флеснбург е ривал на македонскиот тим во ЛШ.

Моравски е дел од младинските репрезентации САД, а ракомет тренира од најмала возраст. Иако ќе биде далеку од дома и ќе работи во Бундес лигата, главниот фокус на Моравски ќе биде репрезентацијата на САД.

Во последниот период Американците многу вложуваат во развој на ракометот и пронаоѓање на ракометари кои би играле за репрезентацијата на највисоко ниво. САД ќе ја организира Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, па посакува да има конкурентен состав.