Ривалот на Вардар со ново засилување

Еден од ривалите на Вардар во Лигата на шампионите, францускиот Монпелје, продолжува да го засилува ростерот пред стартот на новата сезона.

Исландскиот лев бек Олафур Гудмундсон, кој имаше активен договор со шведскиот Кристијанштад и за следната сезона ќе се преселив во францускиот вицепрвак, пишува исландскиот „Висир“.

Гудмундсон потпиша договор на две сезони и ја менува средината по шест сезони минати во Шведска. 31-годишниот лев бек претходно настапуваше за Хановeр, данските Нордсјеланд и Копенхаген, како и Хафнарфјордур во тактовината.

Исланѓанецот ќе формира трио со Жилберто Дуарте и Карл Винилиус.

Монпелје бара и кружен напаѓач, а опција се Марин Шипиќ од Загреб и Верон Начиновиќ од Целје.