Ривалот на Вардар ги задржува најдобрите: Мае во Веспрем до 2023 година!

Противникот на Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите, унгарски Веспрем, објави за уште едно продолжување на соработка.

По Јахија и Лауге Шмит, кои се обврзаа на верност до 2025, односно 2024 година, третиот играч од актуелниот ростер кој ја продолжи соработката е францускиот интернационалец Кентан Мае.

Иако беше најавено негово заминување, се споменуваа ПИК Сегед и ПСЖ како можни нови дестинации, сепак Мае ќе остане во Веспрем до 2023 година.

Неодамна оработката ја продолжија Манасков, Штрлек, Маргуч, Благотиншек, па тренерот Давид Дејвис нема да има грижи следната сезона околу играчкиот кадар.