Ривалот на Вардар бара замена за Боргес – во опција пикери од Целје и Загреб

Еден од ривалите на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите, францускиот Монпелје, активно бара играч на пивотменската позиција, како замена за Алексис Боргес.

Француските медиуми пред неколку недели веќе го „промовираа“ пикерот на Загреб, Марин Шипиќ како нов член, но се чини дека Хрватот има конкуренција во негов сонародник.

Според „handzone“, на радарот на Монпелје се наоѓа и Верон Начиновиќ, хрватски кружен напаѓач кој настапува за Целје.

Начиновиќ има 21 година, пет сезони беше дел од Замет, пред лани да се пресели во Целје, но по само една сезона би можел да си замине од словенечкиот тим.

Монпелје на пивотменската позиција ќе ги има Аргентинецот Лукас Москариело и младиот Фрацузин, Артур Лене.