Ривалите на Вардар и Еурофарм Пелистер ремизираа во Бундес лигата

Екипите на Рајн Некар и Флензбург одиграа дерби натпревар во Бундес лигата, а на крајот немаше победник откако дојде до реми ос 31:31.

И двете екипи добија по едно полувреме. Рајн Некар беше подобар во првите 30 минути кога имаше предност од 19:13. Овие шест гола, сепак, не беа доволни бидејќи Флензбург успеа да се врати во игра.

Постепено се намалуваше разликата и негативата се топеше. Сите обиди на Рајн Некар да остане во предност не беа доволни, но и покрај тоа имаше шанса за победа.

До една секунда пред крајот тимот на Рајн Некар ја имаше победата, а потоа Мариус Штајнаузер погоди за нерешени 31:31 така што на крајот мораше да биде поделен пленот.

На тој начин ривалите на Вардар во Лигата на шампионите (Флензбург) и на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа (Еурофарм Пелистер) дојдоа до нерешени 31:31 и се изборија за по еден бод, а од тоа најголема корист има Кил.

Најефикасен денеска беше Уве Генсхајмер од Рајн Некар со девет гола, додека Шмид имаше осум погодоци. Во Флензбург Хампус Ване имаше седум, а по пет гола постигнаа Јоханес Гоља и Ласе Свен Хансен.

Рајн Некар е лидер, но сега има само бод повеќе од Кил меѓутоа има и натпревар повеќе. Флензбург, пак, е третопласиран и сега има два бода помалку од лидерот и исто како и Кил еден натпревар помалку.