Ретко се гледа: Атрактивна одбрана со една рака! (ВИДЕО)

Екипата на Грањолерс успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето во Лига на Европа, откако го елиминираше Архус во осминафиналниот двобој.

Првиот дуел заврши со победа на тимот од Данска со 34:32, додека на реванш дуелот Грањолерс ја надомести негативата од првиот дел, триумфираше со 30:25 и заслужено обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи.

Голема заслуга за пласманот во четвртфиналето на Грањолес имаше бразилскиот голман Рангел Луан да Роса, кој на реванш дуелот запиша 14 интервенции.

26-годишниот голман имаше и атрактивна и несекојдневна одбрана во дуелот со данскиот тим.

Погледнете…