Репрезентативец на Португалија ќе го засили Нант

Десното крило на селекцијата на Португалија, Педро Портела од следната сезона ќе го носи дресот на клубот од Франција, Нант.

31-годишниот ракометар имаше одличен настап за својата репрезентација на Светското првенство во Египет. Имаше ефикасност од 78% односно 25 постигнати погодоци од 32 обиди. Моментално е член на Трембле, клуб кој има лоши резултати во францускиот шампионат.

Портела во Трембле пристигна во 2018 година од португалскиот шампион, Спортинг Лисабон.

Нант го комплетира својот тим за следната сезона. Во францускиот тим нов играч ќе биде и репрезентативецот на Русија, Александар Шкуринскиј.