Репрезентативец на БиХ на голот на Висла Плоцк

Вицешампионот на Полска, Висла Плоцк, за следната сезона го ангажираше репрезентативецот на БиХ, Адмир Ахметашевиќ, а веста беше официјално потврдена од Висла Плоцк.

Искусниот голман ќе биде втор ракометар од БиХ кој ќе игра за тимот од Полска. Во моментов за Висла Плоцк настапува и Мирсад Терзиќ.

Ахметашевиќ пред две години потпиша за клубот од Шпанија, Пуенте Хенил, а неговите импресивни настапи беа причина за неговото ново ангажирање во поквалитетен тим со високи аспирации на европска сцена.

Договорот на Ахметашевиќ и Висла Плоцк е на една година со можност за продолжување на истиот. Toj ќе биде замена за повредениот голман од Хрватска, Иван Стевановиќ и Абделрахман Хомајед од Египет. Хрватот поради повредата не доби нов договор, додека на ракометарот од Египет позајмицата му завршува во јуни.

Во Висла Плоцк  следната сезона ќе пристигнат и одличните Руси, Дмитри Житников и Сергеј Косоротов така што екипата ќе биде доста засилена.