Реал ќе заигра во Купот на ЕХФ

Европската ракометна федерација полека ги формира списоците на учесниците во Лигата на Европа и во ЕХФ Купот пред да ги објави официјално на 21 јули. Се чини дека ниту една од федерациите не го искористи правото да пријави максимален број екипи.

Последниот отказ доаѓа од Полска, каде што третопласираниот тим во женскиот шампионат, Кобиержице на Зорица Десподовска, не се пријави за учество во ЕХФ Купот. Од женските полски тимови ќе играат Лублин и Заглебје во Лигата на Европа. Полска можеше да пријави девет тима, но ќе играат само шест во машка и женска конкуренција.

Украина ќе биде претставена од Мотор Запорожје во ЛШ, додека ЗТР Запорожје не се пријави за Лигата на Европа. Во ЕХФ Купот ќе играат Донбас и Одеса. Кај дамите, од можните четири, се пријавија само две екипи – Галичанка Лвов и тимот на Реал, кои ќе играат во ЕХФ Купот. Тимот со фудбалско име ќе дебитира во Европа.

Од Исланд само пет тима ќе партиципираат во Европа од можни осум. Кај мажите Валур ќе игра во Лигата на Европа, а Афтурелдинг и Хафнарфјордур во ЕХФ Купот, додека Хаукар не се пријави. Кај дамите, шампионот Фрам не се пријави, а ќе играат Валур и КА Тор во ЕХФ Купот.