Реакција од Русија: Разочарани сме, прекршени се основните спортски принципи

ЕХФ вчера донесе одлука со која ги суспендира клубовите од Русија и Белорусија поради ситуацијата во Украина.

Голем дел од јавноста ја оправдува ваквата одлука на ЕХФ, а во Русија се крајно разочарани. Денес со соопштение и реакција на таквата одлука излезе Ракометната Федерација на Русија.

„Руската ракометна федерација е крајно разочарана од одлуката на извршниот комитет на ЕХФ да ги исклучи руските и белоруските клубови од сите нејзини натпреварувања, како и од одлуката руски судии да не бидат вклучени во натпреварите и одземањето на домаќинството на Европското првенство на плажа кое требаше да се одржи во јули 2023 година во Москва“.

Порачуваат дека спортот е тој кој треба да обединува.

„Ние веруваме дека во тешки времиња спортот е тој кој треба да им покаже на луѓето и политичарите што значи хуманизам, соработка и партнество. Затоа патот кој го избраа меѓународните федерации, исклучувајќи цели народи може да биде контрапродукутивен и да не придонесе за мир и среќно општетво. Ние бевме подготвени да ја гарантираме безбедноста на сите спротисти кои ќе ни гостуваа, спремни бевме и да играме на наутрални терени, но ЕХФ немаше разбирање. Според нас одлуката ги прекршува основните спортски принци“, стои помеѓу другото во соопштението.

Од федерацијата најавуваат и жалба на одлуката откако нивните адвокати детално ќе ја проучат ситуацијата.