Рајн Некар ја прекина победничката серија на Кил, „зебрите“ проупуштија плус седум

Екипата на Рајн Некар во 12. коло од Бундес лигата го совлада Кил со 26:25 пред своите гледачи и со тоа ја прекина победничката серија на „зебрите“.

На тешкото гостување во „Сап Арената“, Кил го доживеа вториот пораз во сезоната. Во многу интересен натпревар особено во финишот домашните остварија голема победа. Почетокот им припадна на гостите кои во 20. минута имаа високи 13:6. До крајот на полувремето Рајн Некар успеа да ја преполови негативата и на полувреме беше 13:10 за Кил.

Уште во првите пет минути од продолжението домашниот состав стигна до израмнување, а веднаш потоа и поведе со 18:15. Во последната четвртина од дуелот екипите влегоа со израмнет резултат и ја најавија неизвесната завршница. Во последната минута Генсхајмер погоди од седмерец за 26:25, а во следниот напад Апелгрен одбрани за голема победа.

Најефикасен во тимот на Рајн Некар беше Уве Генсхајмер со одум погодоци, а Пекелер постигна пет гола. За екипата на Кил, Домагој Дувњак беше најдобар со седум гола но од дури 17 обиди. Екберг погоди четирипати и беше втор стрелец во Кил.

На другите натпревар денеска Бергишер славеше против Ерланген 25:24, а Штутгарт и Балинген ги поделија бодовите со резултат 25:25.