Рајн Некар остана без уште еден голман на подолго време

После повредата на Микаел Апелгрен, проблемите во Рајн Некар не завршија бидејќи и вториот Швеѓанец на голот, Андреас Паличка е повреден.

Репрезентативецот на шведска го повреди внатрешниот лигамент на десното коло при победата на гостувањето кај тимот на Ерланген во Бундес лигата.

Информациите се дека се работи за сериозна повреда која ќе го одалечи од терените до крајот на годината.

Инаку, откако се повреди Апелгрен клубот го ангажираше гркот Николас Кацијанис, но сега ќе мора да ангажира уште еден голман бидејќи и Апелгрен ќе биде надвор од терените подолг период.

Ова значи дека Паличка нема да биде на голот на Рајн Некар и за дуелот против Еурофарм Пелистер во ноември.