Рајн Некар мисли само на Вардар – ги одложи средбите со Штутгарт и Кил од Бундес лигата

Тимот на Рајн Некар Левен е ривал на Вардар во единственото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Германците, кои своевремено кога беа дел од ЛШ, некои мечеви ги играа и со младински состав, сега му приоѓаат сериозно на двомечот со Вардар и јасно дека со сите сили ќе се борат за место во ЛЕ.

Стартот на Бундес лигата се поклопува со термините за квалификациите за ЛЕ, па Рајн Некар мораше да одложи две средби од најквалитетната лига во Европа.

Дуелот од 1 коло против Штутгарт е одложен за 1 октомври, додека дуелот со Кил од 3 коло ќе се игра на 12 ноември.

Меѓу двете средби со „црвено-црните“, Рајн Некар Левен ќе одигра натпревар од 2 коло против Гепинген на 31 август.

Првата средба меѓу Рајн Некар и Вардар ќе се игра во Скопје на 26 август од 19:00 часот, додека реваншот е Хајделберг на 3 септември од 16:00 часот.