Рајн Некар Левен се загрева за Вардар – постигна 62 гола на првиот пријателски натпревар

Тимот на Рајн Некар Левен го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Ривалот на Вардар во квалификациското коло за место во Лигата на Европа го победи нисколигашот Валцбахтал со 62-16.

Во меѓувреме бундеслигашот ќе игра пријателски средби со Балинген, Вецлар на Миркуловски и Кузмановски, како и швајцарскиот Криенс Луцерн.

Првиот меч меѓу Вардар и Рајн Некар Левен ќе се игра на 26 август од 19:00 часот, додека реваншот се игра на 3 септември од 16:00 часот.

Победникот од овој двомеч оди во групата А во Лигата на Европа со Нант, Кристијанштад и Бенфика.