Раул си најде асистент за следната сезона во ПСЖ

Откако стана јасно дека Хавиер Хота Гонзалес ќе замине во португалската Бенфика, раководството на ПСЖ беше во потрага на асистент тренер, кој ќе биде дел од стручниот штаб на Раул Гонзалес.

Изборот падна на некогашниот голман на ПСЖ и француската репрезентација, Патрис Аноне, кој доаѓа од лето во Париз и потпиша договор на две сезони.

Аноне е легенда на ПСЖ и во овој клуб мина 11 сезони. Претходно играше за Анже, а кариерата ја заврши во Трембле.

По Тјери Омејер и Даниел Нарсис, кои веќе работат во францускиот првак, Аноне е третиот екс ракометар на ПСЖ што е ангажиран во клубот по завршувањето на каиерата.