Раул останува без столбот на одбраната (ФОТО)

Шпанскиот специјалист за одбрана, 37-годишниот Виран Морос кој изминатите три години настапуваше за ПСЖ, преку Инстаграм објави дека го напушта францускиот шампион на крајот на оваа сезона.

Сè уште нема информација каде ќе ја продолжи кариерата иза кој клуб ќе игра следната сезона. Виран Морос има исклучително богата кариера во минатот играјќи за најдобрите клубови во Шпанија и репрезентацијата.

Освен за ПСЖ, Морос играше и за Барселона, Сиудад Реал и Адемар Леон. 11 пати бил шампион на Шпанија и трипати по ред шампион на Франција со ПСЖ. На последниот Ф4 во Лигата на шампионите го освои третото место со францускиот тим.

Исто така во дресот на репрезентацијата на Шпанија, Морос има освоено златен медал на Светското првенство во 2013 година и две бронзи. Тој беше дел од репрезентацијата на последните две Европски првенства во 2018 и 2020 година кога Шпанија ја освојуваше европската титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viran (@viranmorros)