Раул носи нов голман во ПСЖ – потпиша Јаник Грин!

Францускиот ПСЖ денеска промовираше едно од голманските засилувања што ќе и се приклучат на екипата следното лето.

Данскиот репрезентативен голман Јаник Грин, кој ќе брани уште следата сезона за Магдебург, потпиша договор на две сезони со тимот на Раул Гонзалес, што ќе биде активен од 2022 година.

Тогаш од екипата заминува Венсан Жерар, а веројатно и Јан Женти. Наследникот на Женти ќе се бара меѓу Никола Портнер, Андреас Паличка и Торнбјорн Бергеруд.

Покрај Грин, во ПСЖ следното лето ќе дојде и десниот бек на Елверум, Доминик Мате, кој беше промовиран пред две недели.