Каква драма – ПСЖ и Раул останаа со празни раце, Кил оди во Келн!

Кил и ПСЖ одиграа спектакуларен натпревар во ревашот од четвртфиналето во Лигата на шампионите на кој после голема борба славеше Кил со 33:32 и обезбеди пласман во Келн. Судии на овој меч беа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Од почеток на дуелот ПСЖ имаше предност и постојано успеваше да одржи позитива. Сите обиди на Кил да стигнат до израмнување во првиот дел беа неуспешни. Во клчните моменти се испречуваше голманот на ПСЖ. Венсан Жерард беше одличен во првиот дел со осум одбрани и беше најзаслужен што ПСЖ имаше предност после 30 минути игра од 17:19.

На почетокот на второто полувреме ракометарите на Кил играа во висок ритам, одбранате беше на ниво а во нападите успеваа да постигнат гол и во 37. минута да стигнат до првото водство на мечот од 21:20.

ПСЖ имаше криза во реализација на нападите и во првите десет минути постигнаа само два гола. Се играше максимално борбено а во таквата игра ракометарите на Кил подобро се снајдоа и го искористија периодот да се одлепат на три предност во 42. минута.

Но следуваше нов блесок на Жерард и ново враќање на ПСЖ во натпреварот. Но и Ландин имаше одговори и не дозволно израмнување, потоа Сагосен погоди за 31:29 во 54. минута. До крај на натпреварот беше максимално неизвесно, Ландин погоди од седмерец, а потоа и Вајнхолд реализираше за 33:31 на минута до крај. Тоа беше  доволно за конечна победа иако ПСЖ имаше напад за реми но Никлас Ландин успеа да го одбрани ударот на Лук Стеинс.

Најефикасни во составот на Кил беа Ландин Јакобсен со седум гола и Рјанкин и Винцек кои постигнаа по шест гола. Во составот на ПСЖ најмногу се истакна Недим Ремили кој постигна осум гола, а одлична поддршка имаше од Жерард кој имаше 15 одбрани.