Ракчевиќ откри: Можев да заиграм за Македонија, многу го сакам тој народ!

Некогашниот ракометар на Вардар и Металург, Младен Ракчевиќ, кој седум години од богатата кариера помина во Македонија, откри дека имал шанса да заигра за нашата репрезентација.

Тој немаше настапи за сениорската селекција на тогашната Србија и Црна Гора, па кога оваа држава се подели на две држави – Ракчевиќ планирал да заигра за Македонија, ако не добие повик од Црна Гора.

Ова се случило пред десетина години.

„Му дадов збор на Веселин Вујовиќ дека ќе заиграм за Македонија ако Црна Гора не стане независна држава во тој момент. Толку многу го сакам македонскиот народ“, изјави Ракчевиќ за „Balkan Handball“.

Пикерот во моментов живее во црногорското село Смоковци и се занимава со производство на вино.