Ракомет или фудбал – постигнаа само по еден гол на два натпревари по ред!

Во овој период од главниот град на Парагвај, Асунсион, се одржуваат Јужноамериканските игри, а меѓу присутните спортови е и ракометот.

Први на терен се женските репрезентации, а очигледно дека репрезентативките на Боливија не се дораснати на останатите учесници.

Тие првите два натпревари, против Аргентина и Бразил, постигнаа по еден гол за цел натпревар! Против Аргентина загубија со 48-1, а од Бразил беа поразени со 54-1!

Малку се поправија на третиот меч против Чиле и постигнаа 49-6. Им остануваат уште два дуели против Уругвај и Парагвај, па веројатно ќе стигнат до двоцифрен број на погодоци по пет меча.