Ракометни легенди: Надежда Муравјева – Кралица на одбраната

дна од најголемите руски ракометарки Надежда Муравјева по крајот на минатата сезоната се збогуваше со прoфесионалната  ракометната кариера. Честопати нарекуваната “кралица на одбраната”  припаѓа во групата на најуспешни руски играчи со трите светски шампионски титули и бројни други медали од клубските и натпреварувањата на репрезентативен план.

Муравјева ги прави првите чекори во ракометот на 13 годишна возраст во Волгоград во една од најсилните ракометни школи во Европа. Како дете, таа била највисока меѓу нејзините пријатели и ракометот доаѓa подоцна во нејзиниот живот затоа што најпрвин се занимава со балет.

“Почнав да тренирам ракомет во Волгоград –  градот кој ја има една од најсилните ракометни школи. Се сеќавам кога дојдов прв пат на тренинг имаше многу постари играчи кои веќе беа изградени во одлични ракометни играчи. Меѓу нив беше и Бодниева и кога се сретнавме таа ми рече: “Зошто ти е потребен ракомет, можеш да ја скршиш раката или ногата, оди и биди модел”. Се почувствував засрамено поради тоа што може да има многу модели, но не и ракометарки и тоа ме мотивираше да останам во овој спорт. Следуваа години на работа со најдобрите тренери кои најпрво работеа на нашиот карактер кој не дефинира до ден денес, но во одреден момент решив да заминам од Волгоград”

10644696_10153258088162977_364661569889503267_o
Европско првенство 2008 година во Македонија

Во периодот од 1996-2002 Муравјева  го  носеше дресот на Аква Волгоград и ја освои домашната титулата три пати и исто така додаде еден сребрен и бронзен медал од руското првенство во својата колекција. Нејзиниот талент ја донесе во составот на Рускиот јуниорски репрезентативен тим и нејзиниот прв медал на репрезентативен план доаѓа многу рано во 1998 со освојувањето на бронзениот медал на Јуниорскиот Европски шампионат во Словачка. Одличните игри со јуниорскиот тим ја водат до сениорската репрезентација на Русија со што брзо стигнува до првиот бронзен медал на Европското првенство 2000 година во Романија. Во 2001 година за прв пат во нејзината кариера таа стана светски шампион во Италија. Година подоцна таа одлучи да се направи трансфер на вториот и финален клуб во својата кариера – Лада Тољати.

“Добив понуда од Лада и бев многу среќна за тоа, бидејќи во тој момент овој клуб ги имаше најдобрите играчи од цела Русија како Суслина, Полторацкаја, Сидорова, Кареева, Роменскаја и други. Бев многу задоволна што бев дел од  овој тим кој за кратко се стекна со толку голем кредибилитет и изгради добро име во ракометниот свет. Степанов и Голитцин обезбедија одлични ракометни услови со највисоки стандарди обезбедувајќи две ракометни сали, обуки за екипата, одлични материјални услови и најважната работа е дека секогаш во овој тим се чуствував како неопходен и важен дел од тимот. Ова е од огромно значење за секој спортист. Го почитувам сето ова што овие луѓе го направија за мене и им благодарам многу што ми спортската кариера ја поминав во ова место и за тоа воошто не жалам “

Nadya (148)
Во дресот на Лада во натпревар против Кометал

Почнувајќи од 2002 до крајот на претходната сезона Муравјева успеа да стигне до првата позиција во рускиот шампионат уште четири пати со составот на Лада (2003,2004,2005 и 2008), два пати таа беше на второто место на подиумот (2007 и 2014) и дополнително има уште две бронзени медали (2009 и 2012).

“Имав понуди од странски клубови, се започна во периодот кога Лада беше во врвот, а потоа следуваа понуди кога Лада имаше проблеми бидејќи многу од играчите го напуштија клубот. Беа потребни луѓе на кои  клубот може да се потпре и од мене беше побарано да останам во екипата и јас тоа и го направив. Многу светли победи следуваа за Лада и континуитетот на генерациите беше сочуван. Одлуката за конечно да останам во Тољати беше исто така донесена поради моите деца “

Нејзините достигнувања се уште поголеми ако се земе во предвид фактот дека во текот на овој период кога таа насапуваше во екипата на Лада. Муравјева роди два прекрасни сина (Ростислав и Филмон) што значи дека таа беше принудена на двапати да ја прекине ракометната кариера во 2005/2006 сезона и 2010 / 2011 сезона.

Мајчинството не претставуваше пречка за неа да стане трократен светски шампион. Овие досигнувања беа уште полесни за неа бидејќи нејзиниот сопруг  ја поддржувал во секоја одлука што таа ја донела.

Година по нејзинота прва породилна пауза Муравјева се закитува со златниот медал на Светското првенство во Франција во 2007 година и во текот на следната година во Македонија, нејзината репрезентација Русија стигнува до бронзениот медал на Европското првенство а токму Муравјева станува дел од Ол-стар тимот со освојувањето на наградата на најдобр одбранбен на првенството. Следната година само се зголемува нејзината колекција со третиот златен медал од Светското првенство 2009 во Кина. Таа исто така, учествуваше на Олимписките игри во Лондон 2012 година.

Nadya (194)
Светски шампион во 2007 година

“Не сум во целост задоволна од моите ракометни достигнувања. Се разбира имав многу титули и признанија за мојата работа, но сè уште чувствувам жал за нашата лоша игра во Лондон бидејќи за жал репрезентацијата не беше подготена за овие игри, и не бевме во можност да покажеме ни 50 проценти од нашите способности на најголемиот планетарен турнир. Лошо е што во најважните натпревари во животот ние не личевме на себе и фактот дека немавме време да се поправивме ја прави ситуацијата уште полоша “.

Во нејзината колекција недостасува златен медал за Лигата на шампионите бидејќи  Лада беше поразена во финалето во 2007 година од Шлагелсе но затоа во второто по ранк натпреварување во Европа – ЕХФ Купот, Муравјева стигнува до два златни медали во 2012 и 2014 година.

“Гледајќи наназад можам да кажам дека најдрагоцен спомен ми преставува нашиот прв и голем успех на Светското првенство во Италија. Се сеќавам добро колку оваа победа беше важна за нас. Ние не веруваме дека овој успех ќе го доживееме, но ете успеавме и се сеќавам како блескаа очите на големиот Трефилов кој ги прегрнуваше девојките и беше само на почетокот на тренерската кариера што беше многу важно. Јас сум среќна што имав толку многу среќни моменти кои ги делев со пријателите и луѓе кои навистина го сакаат ракометот “

Иако се повлекува од професионалното играње, ова не значи дека дека таа целосно се збогува со ракометот бидејќи продолжува како ракометен тренер.

“Јас секогаш сум била љубопитна како изгледа да се игра во странство и сум посакувала да поминам една сезона или две надвор од Русија, а сега имам можност да го сторам тоа преку семинарите за тренери и да го продлабочам моето знаење во овие нови области за мене. Сакам да ја искористам оваа прилика и да пробам нешто ново ” заклучува Муравјева.