Ракометна магија – даде гол со шрауба од лево крило со лева рака (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Исланд, Один Тор Рикардсон од оваа сезона настапува во домашниот шампионат и веднаш се покажа како големо засилување за екипата на Акурери.

Во рамките од шампионатот на Исланд, Акурери забележа пораз во дерби натпреварот против Стјарнан, 34:30.

Сепак, натпреварот го одбележа Один Тор Рикардсон кој беше стрелец на седум гола, а во првиот дел постигна и атрактивен гол од невозможна ситуација.

Како ракометар кој настапува на позицијата десно крило немаше никаков проблем да шутира од левиот агол и да постигне ракометна мајсторија…