Ракометен тренер или фото модел – не сте го виделе Врањеш во вакво издание (ФОТО/ВИДЕО)

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш најчесто го гледаме на ракометните терени и секогаше облечен спортски во тренерки. Затоа видеото кое тој го објави на неговиот Инстаграм профил беше вистинско освежување.

Врањеш позираше во свечена вечерна гардероба и покажа дека може да се носи и со светските модели. Единствена работа што го спречува да се појави на модните писти можеби е неговата висина која е само 168 сантиметри.

Исто така селекторот објави и фотографија каде што може да се забележи дека неговото тело е во одлична форма. Фотографијата и видеото може да ги погледнете во продолжение.