Ракометар на Лемго уапсен на Исланд поради сексуално вознемирување!

Според исландкиот „Висир“, еден од ракометарите на бундеслигашот Лемго бил уапсен на Исланд утринава со обвинение за сексуално вознемирување.

Лемго гостуваше на Исланд за дуел од Лигата на Европа против Валур, а во текот на вчерашниот ден играчите имале слободен ден.

Полицијата во Рејкјавик не открива повеќе детали за тоа што се случило синоќа додека трае истрагата.

Експедицијата на германската екипа се вратила денеска дома, но играчот што бил уапсен морал да остане на Исланд.