Ракометар на Веспрем: По крајот на кариерата сакам да работам во полиција

Шведскиот играч Андреас Нилсон кој ја игра својата осма сезона во Веспрем во последното интервју зборуваше за неговите планови по завршувањето на кариерата.

31-годишниот ракометар сака се уште да биде дел од репрезентацијата, но свесен е дека годините го стигнуваат.

„Се уште сакам да бидам дел од репрезентацијата, но мислам дека тоа нема да биде така. Горд сум на секој мој гол, посебно на оние со кои помогнав на тимот во тешка ситуација. Среќен сум што останав во Веспрем толку долго, илјада пати до сега ставив до знаење дека овој тим е во моето срце“.

Неговите планови по крајот на кариерата и не се во целост поврзани со ракометот.

„Не можам да кажам во овој момент дали сакам да останам во ракометот по крајот на кариерата. Но ако тоа се случи би сакал да водам академија која ќе го носи моето име. Планот „Б“ е да почнам со работа во шведската полиција, тоа е работа која секогаш ми била интересна“, изјави Нилсон за „Nemzeti Sport”