Капитенот на Барселона ја завршува кариерата поради проблеми со срцето!

Десното крило на Барселона Виктор Томас на крајот на оваа сезона ќе ја заврши богатата кариера поради здравстевени проблеми.

Денеска се одржа прес конференција на која Томас беше емотивен и со солзи во очите пред новинарите ја соопшти тешката одлука.

„Докторите во клубот ми пронајдоа проблем со срцето. Ако продолжам да играм, би можел да имам поголеми здравствени проблеми. Тоа е единствената причина поради која се повлекувам на крајот од оваа сезона“, изјави Томас.

Тој е во каталонскиот гигант 20 години, а 15 сезони е дел од првиот тим. Освои 11 титули во Асобал лигата, 3 титули во Лигата на шампионите, 10 во Копа дел Реј, 12 Супер куп трофеи и 4 титули во Супер Глоуб, а оваа колекција може да биде уште побогата на крајот од оваа сезона.

Со националниот тим на Шпанија го освои златото во 2013 година на СП, бронзениот медал на ОИ во 2008 година, а има и два медали од ЕП во 2014 и 2016 година.