Ракометарот што има повеќе европски титули од Микел Хансен ќе му биде помошник на Алушовски во Вардар!

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Вардар, Владо Недановски, се враќа во „црвено-црното“ семејство и од следната сезона ќе му биде помошник на Стевче Алушовски.

Тој пред една сезона замина во пензија, откако ја освои втората европска титула со „црвено-црниот“ тим во Лигата на шампионите.

По една година пауза ќе се врати во СЦ „Јане Сандански“ но во друга улога. Досега Алушовски немаше помошник, а тренер на голманите беше Дејан Периќ.

Интересен факт од кариерата на Недановски е што левото крило има освоено повеќе европски титули од Микел Хансен. Владо има две – Микел ниедна!