Ракометарите пред полупразни трибини против Португалија (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија во рамки од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Португалија.

Избраниците на Кире Лазаров во дуелот со португалската репрезентација нема да имаат голема поддршка како на претходните квалификациски дуели.

Во спортската сала „Борис Трајковски“ трибините не се исполнети како за квалификацискиот натпревар против Луксембург и има останато многу слободни места.