Ракометарите на Веспрем станаа во продавачи во супермаркет! (ФОТО)

Во моментите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината низ светот, ракометарите, ракометарките и клубови се трудат на секаков начин да им помогнат на оние што се првата борбена линија против опасниот вирус.

Пред неколку дена Ракометниот Сојуз донираше 5.000 евра на Комисијата за зараза во Црна Гора, истото го направија и дел од ракометарките на Будуќност.

Во Унгарија, ракометарите на Веспрем, како и стручниот штаб, за момент видоа како е да бидеш продавач во маркет и во текот на доцните вечерни часови им помагаа на вработените да ги наредат со производи празните полици за претстојниот ден.