Ракометарите го одбележаа Бадник – паричката се падна кај Мартин Серафимов (ФОТО)

Долгодишната традиција продолжи и оваа година.

Од 2012 па наваму, македонските репрезентативци најголемите празници не ги минуваат во кругот на семејство, туку во подготовки за големите натпреварувања.

Бадниковото лепче се кршеше и денеска, а паричката оваа година се падна кај десниот бек Мартин Серафимов.

Можеби уште на стартот на годината ќе му посреќи и на претстојното ЕП ќе блесне во сиот сјај.

Македонија ќе игра на ЕП во групата А против Словенија, Данска и Црна Гора, а  првиот натпревар против Словенците се игра на 13 јануари.