Радовиш потпиша уште еден ракометар, остана и Трајанов

Екипата на Радовиш откако веќе го објави името на новиот тренер за следната сезона, а тимот ќе биде предводен од Васил Василев продолжи со потпишување на нови договори со ракометарите кои и досега настапуваа за оаа екипа.

Десното крило, Филип Трајанов се обврза на верност кон клубот на уште една сезона и тој ќе биде играчот кој заедно со Спасе Ѓорѓиев ќе игра на оваа позиција.

Претходно потписот на новите договори го ставија и Паунов, Долдуров, Ристов, Органџиев, Постолов и Ѓорѓиев.

Радовиш го реши тренерското прашање – доаѓа Васил Василев