Радовиш го реши тренерското прашање – доаѓа Васил Василев

Тимот на Радовиш во новата сезона ќе влезе со нов предводник од клупата. На местото на Андон Бошковски, раководството на радовишани го ангажираше Васил Василев.

Василев беше на клупата на прволигашот Борец, а го водеше велешкиот тим и кога играше во суперлигашкото друштво.

Радовишани претходно ги продолжија договорите со носителите на играта од минатата сезона, а се очекува да ангажираат уште неколку засилувања во пресрет на подготовките.

Нови договори потпишаа голманот Паунов, крилата Долдуров, Ристов и Ѓорѓиев, како и бековите Органџиев и Постолов.