Радовиш задржа двајца ракометари, Постолов и Органџиев потпишаа нови договори

Двајца ракометари кои беа дел од тимот на Радовиш во последната сезона во која беше обезбеден опстанок во Супер машката лига се обврзаа на верност и за следниот шампионат.

Здрако Постолов и Ангелче Органџиев ќе бидат дел од тимот на Радовиш и во сезоната која што следува. И двајцата настапуваат на позицијата лев бек, а се обврзаа на верност до летото во 2022 година така што Радовиш задржа двајца важни ракометари.

Со ова почнува формирањето на тимот за сезоната која што следува што воедно значи дека Радовиш ќе се обиде да има далеку подобри резултати од годинешните и ќе влезе поамбициозно.

Задржувањето на играчите кои беа дел од екипата и во минатото првенство е доказ дека се мисли веќе за шампионатот во кој сигурно ќе биде уште понеизвесно со оглед на фактот дека новта сезона може да биде далеку повозбудлива.