Радичевиќ тргна со трофеј во Кастамону, го освои Супер купот на Турција

Екипата на Кастамону за која настапува и Јованка Радичевиќ го освои првиот трофеј, а станува збор за Супер купот на Турција после победата од 25:24 против Измир.

Ова беше натпревар за старт на езоната со кој само беше покажано дека Кастамону влегува со амбиции за доминација во првенството на Турција.

На средбата најефикасна беше Мајда Мехмедовиќ која постигна осум гола, додека Радичевиќ беше стрелец на пет погодоци.

Ова е трет пехар за Кастамону во Супер купот после победите во 2017 и 2019 година. Сепак, овој пат со многу посилен состав. Иако победата е минимална годинава Кастамону е главен фаворит за сите трофеи во Турција.