Радичевиќ: Новинарите се обидоа да направат скандал, со Неагу сме и ќе останеме пријателки (ФОТО)

Црногорската репрезентативка Јованка Радичевиќ се огласи на социјалните мрежи, откако и Кристина Неагу реагираше на нејзината изјава во врска со дуелот меѓу Црна Гора и Романија од квалификациите за Олимпијада.

Некогашната вардарка тврди дека нејзината изјава била извадена од контекст и дека новинарите само направиле скандал од ништо. Емисијата во која гостуваше Радичевиќ беше поставена на нивниот You Tube канал, но од вчера вечер тоа не е достапно за јавноста.

„Драги пријатели и фанови. Секогаш сум се трудела да се однесувам спортски, а знам дека и Кристина исто така. Новинарите се обидоа да направат скандал од ништо, напишаа нешто што јас не сум го кажала. Ние двете сме и ќе бидеме пријателки и понатаму“, напиша Радичевиќ.

Претходната нејзина изјава се однесуваше на тоа дека Неагу барала од Црногорките да промашуваат во финишот, бидејќи на Романија и требаше победа од пет гола за пласман на ОИ.

Со реакција на социјалните мрежи се јавија и Неагу и романската федерација.

Радичевиќ: Кога губевме три разлика, Неагу нè молеше да дадат уште два гола

Се огласи Неагу со реакција: Фер-плејот е зборот кој ме дефинира, спортот се игра само на терен