Радичевиќ: Кога губевме три разлика, Неагу нè молеше да дадат уште два гола

Капитенот на женската репрезентација на Црна Гора, Јованка Радичевиќ како гостинка во „Drugacija Radio Stanica“ откри интересен момент од последниот дуел од квалификациите за Олимписките игри во Токио.

На последниот натпревар Црна Гора играше против Романија, но тоа беше натпревар во кој се тактизираше бидејќи Црногорките имаа резултат кој им одговараше. Воедно и со пораз од 25:28 тие одеа понатаму така што одиграа мирно.

Сепак, за да можат на Олимписките игри, Романките мораше да победат со пет гола разлика.

„Неагу се подготвуваше многу серионо за овој турнир. Пред почетокот на квалификациите Романките самоуверено влегоа во хотелот и ни рекоа дека ќе одат на Олимписките игри. Да бидам искрена, тоа ми пречеше затоа што се однесуваа како да не треба да играат против нас. Истото однесување беше и кај Норвежанките. Тие дури и однапред бараа место за славење“, рече Радичевиќ.

Меѓутоа ниту едната ниту друга селекција не сметаа на тоа дека ќе зависат директно од Црна Гора. Веќе е познато дека Црногорките ја победија Норвешка првиот ден со 28:23, а Норвешка победи со 29:24. Затоа имаше јасна математика пред одигрувањето на средбата меѓу Романија и Црна Гора.

На Романките им требаше победа од пет гола при постигнати 30 погодоци. Оттаму имало интересна конверзација за време на средбата меѓу Неагу и Радичевиќ.

„Кога Романките дојдоадо три гола разлика, а ние постигнавме 25 гола, Неагу неколкупати ми рече. Промаши те молам. Ајде да постигнеме два гола. На ова и вратив: ‘Немам топка, а дури и да имав нема да го направам тоа’. Сигурна сум дека Романките немаше да запрат на пет гола“, вели поранешната ракометарка на Вардар, која во следната сезона би можела да настапува за тимот на Кастамону во Турција.

Од оваа група на Олимписките игри се пласираа Црна Гора и Норвешка, додека Романија остана без пласман. Инаку, Романија е противникот на Македонија во баражот за следниот Мундијал.