Радичевиќ верна на Крим – останува уште една сезона во Љубљана

Едно од најдобрите десни крила во женскиот ракомет, Јованка Радичевиќ, нема да ја менува клупската средина.

Тоа што беше најавено, сега е официјално – црногорската интернационалка ќе го носи дресот на Крим и следната сезона.

Словенечкиот првак и некогашната ракометарка на Вардар се договорија за продолжување на соработката.

Радичевиќ минатата сезона дојде во Љубљана од турскиот Кастамону, а по заминувањето од Скопје играше во ЧСМ Букурешт и Будуќност.