Работнички го стопираше Бутел Скопје и му го нанесе првиот пораз (ФОТО)

Ракометарите на Работнички дојдоа до втората победа во Групата Б од Супер машката лига, а успеаја да му го нанесат првиот пораз на составот на Бутел Скопје со 23:21.

Поради тоа што двете екипи се договорија уште на почеток како домаќини да играат на теренот на противникот денеска Бутел Скопје беше домаќин во СЦ „Јане Сандански“. На оваа средба, сепак, наиде на максимално мотивиран противник, па момците од Работнички во секој момент знаеја што сакаат на теренот.

Од стартот се виде дека тимот на Работнички е решен да дојде до бодови. Средбата тргна добро со предност од 2:0. Овие два гола се одржуваа неколку минути, a потоа играчите на на Бутел Скопје израмнија на 6:6. Од тој момент до крајот на средбата се играше гол за гол односно Работнички секогаш поведуваше, а Бутел Скопје израмнуваше така што на одмор се замина со резултат 11:12.

Вториот дел тргна со два гола за гостинскиот состав и прва предност за Работнички од три гола. Ова отвори простор за помирна игра, па веќе се гледаше дека тимот на Бутел Скопје тешко ќе може да дојде до можност за бодови. Највисоките 20:16 за Работнички беа направени во моментите кога средбата влегуваше во завршница и тука полека стануваше јасно дека гостите ќе ги однесат бодовите.

За Бутел Скопје остана да се обиде да фати приклучок. Ракометарите на овој тим успеаја да намалат до 21:22, но Ончев на 15 секунди до крајот од пенал стави точка на средбата и донесе втора победа сезонава за тимот на Работнички, а прв пораз за Бутел.

Бутел – Работнички

Ракометарите на Работнички дојдоа до втората победа во Групата Б од Супер машката лига, а успеаја да му го нанесат првиот пораз на составот на Бутел Скопје со 23:21. Поради тоа што двете екипи се договорија уште на почеток како домаќини да играат на теренот на противникот денеска Бутел Скопје беше домаќин во СЦ „Јане Сандански“. На оваа средба, сепак, наиде на максимално мотивиран противник, па момците од Работнички во секој момент знаеја што сакаат на теренот.

На пет секунди до крајот дојде до мал прекин. Тренерот на Бутел Скопје, Кристијан Грчевски реагираше кај судијата Кркачев. Сите ракометари беа околу нив, па не можеше да се забележи дали се работи исклучиво за вербална реакција или имаше некаков мал контакт. Сепак, сето ова заврши со црвен картон за тренерот на Бутел Скопје и тоа во моменти кога сè веќе беше завршено.

22 ноември 2020
21 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 ноември 2020 17:33 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 22.11.2020 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1121Пораз
РАБОТНИЧКИ1223Победа

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Томче Стојановскилев бек03
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек05
9Марко Божиновскилево крило00
10Марко Митевцентрален бек03
11Ратко Димовскидесен бек10
15Златко Мојсоскидесно крило01
18Христијан Милошевскилев бек00
20Даниел Ацевголман00
23Горан Печенковскицентрален бек04
24Златко Даскалоскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
34Кристијан Василевскипивот12
64Мирко Мајиќлево крило12
87Серги Сулимадесен бек00
88Борис Илиевскипивот01
 Вкупно 321

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
13Енес Идризилев бек00
6Кристијан Ташевскипивот00
7Ален Ќосевскидесно крило04
9Дамјан Јакимовскидесно крило00
10Давид Димескилев бек00
12Јоаким Ангеловскиголман00
14Христијан Чакалиќцентрален бек00
19Кристијан Анѓелковскипивот10
21Давид Савревскидесно крило14
23Тoше Ончевцентрален бек17
25Стефан Добревскилево крило10
28Петар Виларовголман00
33Стефан Крстевскицентрален бек06
55Стефан Атанасовскипивот12
77Ѓорѓи Дукадесен бек00
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 523

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КИМОВСКИ ЗОРАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119