ПСЖ ја купи големата надеж на францускиот ракомет (ФОТО)

Еден од најдобрите европски тимови, ПСЖ објави уште едно засилување за следното лето. Нов ракометар во клубот од француската престолнина ќе биде големиот талент и голема надеж на францускиот ракомет, Џоан Гибелин.

21-годишниот лев бек моментално е член на Кретеј. Таму ја започна својата сениорска кариера каде на 17 години, односно во 2017 година дебитираше за сениорскиот тим на Кретеј.

Неговите добри партии во францускиот шампионат во последните две години беа причина да потпише двегодишен договор со ПСЖ. Младиот ракометар има настапи за помладите репрезентации на Франција.

Во ПСЖ следното лето ќе пристигне унгарскиот десен бек, Доминик Мате, како и двата голмани, Јаник Грин од Магдебург и Андреас Паличка од Рајн Некар.