Прославениот хрватски ас стана тренер во Третата Бундес лига

Поранешниот хрватски репрезентативец и сегашен селектор на младинската селекција до 21 година на Хрватска, Давор Доминиковиќ е нов тренер на екипа од Третата Бундес лига.

Во претстојната сезона тој ќе ја предводи екипата на Тус Винхорст, со која потпиша договор на три години.

42-годишниот Доминиковиќ имаше богата играчка кариера и долго беше дел од најдобрите тимови во првата Бундес лига вклучувајќи ги Кил, Рајн Некар и Хамбург. Со Барселона стана европски првак во 2005 година, а играше и за Портланд Сан Антонио.

Првото тренерско искуство Доминиковиќ го имаше како помошник во Дубрава, а исто така беше и помошник на Лино Червар во репрезентацијата на Хрватска. Една сезона беше прв тренер во тимот на Сесвете пред да ја преземе репрезетацијата на Хрватска до 21 година.