Пролет ја наполни мрежата на Борец

Екипата на Пролет беше домаќин на Борец на натпревар од Купот на Македонија во својата сала „Македонско Сонце“ и без многу мака обезбеди убедлива победа од 38:19.

Уште еден од фаворитите обезбеди сигурен пласман во четвртфиналето од Купот. Борец немаше квалитет подобро да се спротистави на Пролет, а отпорот траеше многу кратко. После 5:4 домаќинот се одлепи на 10:5 и најави убедлив триумф.

Следуваше серија од 8:1 на Пролет со што практично го реши победникот на натпреварот, после 30 минути игра беше 22:11. Продолжението не донесе ништо различно, Борец заостануваше сè повеќе и доживеа висок пораз од 19 гола разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Димов со седум гола, додека Иван Џонов постигна шест, а Филип Василевски погоди петпати. Во екипата на Борец најмногу се истакна Антониј Андовски со пет гола. За одбележување се големиот број исклучувања, вкупно 12 во двете екипи.