Пролет со благодарници за Аларов и Јагуриновски

Тимот на Пролет денеска игра со актуелниот шампион Вардар, а управата на скопскиот клуб ја искористи можноста за пред мечот да им додели специјални благодарници на двајца ракометари.

Станува збор за Михаил Аларов и на Томислав Јагуриновски, кои пред неколку месеци од Пролет направија трансфери во редовите на Вардар.

Аларов е дете на Пролет, тој професионална кариера ја почна во овој клуб, преку кој се избори и за место во македонската репрезентација.

Јагуриновски дојде во Пролет на почетокот од сезонава и се наметна како еден од лидерите на тимот, како на теренот, така и надвор од него.