Продолжува љубовта: Јахија останува во Веспрем до 2025 година!

Египетскиот репрезентативец Омар Јахија го продолжи договорот со унгарскиот шампион Веспрем за уште четири сезони.

„Фараонот“ кој беше на позајмица во унгарскиот тим од египетскиот првак Замалек, го потпиша првиот договор со Веспрем, според кој треба да остане до 2025 година.

Јахија досега има одиграно 65 натпревари за Веспрем во овие две сезони и има постигнато 192 погодоци.

На десната бековска позиција во Веспрем настапува и Хорхе Македа, а на лето заминува норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен, па Јахија ќе има уште повеќе простор за настапи.