Продолжува лоша низа на „плинарите“ – Загреб немоќен кај Елверум

Ракометарите на Елверум ја остварија втората победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен ја совладаа екипата на Загреб со 30:25 во рамки на 5. коло од групата А.

Натпреварот започна доста израмнето, се играше гол за гол петнаесетина минути. За првпат Елверум имаше два позитива во 17. минута кога Грондал погоди за 9:7. Домашните во следниот период ја задржа предноста од два до три гола и не дозволуваа Загреб да стигне до ново израмнување.

Во последните пет минути од првиот дел Загреб влезе во кризен период, имаа многу проблми со реализација на нападите. Голманот на Елверум, Имсгард имаше одличен настап и со неколку одлични интервенции и седмерец на Чупиќ овозможи неговиот тим на полувреме да ја има највисоката предност од пет гола, 15:10.

Во второто полувреме Елверум без многу проблеми ја задржа предноста, а во неколку наврати имаше и највисоко водство од седум гола. До крајот на натпреварот Загреб само го ублажи поразот и ја продолжи низата на натпревари во Лигата на шампиони без победа.

Еден од најзаслужните за победата на Елверум беше голманот Емил Имсгард со 16 интервенции, додека најефикасни со по пет гола беа Петерсон, Хелдал, Јохансон и Грондал. Во тимот на Загреб најпрецизен беше Давор Чавар со пет погодоци.