Проблеми за Французите, концерт ги „избрка“ квалификациите за ОИ од арената во Париз

Ракометната федерација на Франција информираше дека квалификациите за Олимписките игри во Токио место во Париз ќе мора да се одржат во Монпелје.

Причината поради која мораше да дојде до поместување на турнирот е во зафатеноста на салата во Париз. На 11 и 12 март во Арената во Париз концерт ќе има познатиот германски композирот Ханс Цимер. Натпреварите треба да се играат од 12 до 14 март, па затоа мораше да дојде до промена на местото.

Оттаму место пред 15.300 луѓе натпреварите ќе се играат во далеку помала сала во која капацитетот е 9.000 лица.

За пласман на игрите во Токио, Франција ќе се бори си Хрватска, Португалија и Тунис. Првите две селекции ќе се пласираат на Олимпијадата.